вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол

Скопје, 5 септември (МИА) - Стопанската комора на Македонија (СКМ) го поддржува барањето на трговците и на производителите на пиво да се изземе пивото од забраната за продажба на алкохол од 19 до 6 часот изутрина, што почна да се применува од 1 септември.

- Пивото не треба да се третира како алкохол, бидејќи како производ тоа не е ставено ни во Правилникот со кој се забранува продажба после 19 часот, а исто така е различно третирано и во делот за квалитет. Ние имаме Правилник за квалитет на алкохолни пијалоци каде што се опфатени алкохолните пијалоци и имаме Правилник за квалитет на пиво. Со самото тоа пивото е изземено од алкохолните пијалоци што значи дека одредбите за забрана за продажба на алкохол по 19 часот не се однесуваат за него, изјави Стојмирка Тасевска од СКМ. 

Комората како асоцијација, како што посочи таа,  веќе реагираше во смисла пивото на теренот да се изземе од третирањето на алкохол.

- Во правните акти што обврзуваат за забрана на продажба на алкохолни пијалоци после 19 часот нигде не е кажано дека тоа се однесува на пивото. Побаравме да се расчисти дилемата дали пивото треба да биде во Правилникот со кој се забранува продажба на алкохол по 19 часот, рече Тасевска и укажа дека пивото не треба да се третира како алкохол.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи