петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“

Скопје, 5 септември (МИА) - На амбасадорот Јордан Плевнеш и на проф. д-р Трајан Гоцевски денеска во Македонската академија на науките и уметностите им беше врачена наградата „Мајка Тереза“. Во отсуство на третиот добитник на признанието, амбасадорот на Албанија во Македонија Владимир Прела признанието го прими Агим Фазлиу.

Статуетки со ликот на „Мајка Тереза“ и благодарници добија хуманистите проф. д-р Лазо Србиновски, Христо Ујкадари, Душко Станиславски, Бардуљ Кука, проф. д-р Вера Антиќ, Кадрие Фејзулаху, уметниците Цветанка Ласкова, Милица Шперовиќ, Кирил Рибарски и Марјан Горгиев кој од Кочани со велосипед стаса на Олимпијадата во Пекинг.

Почесните признанија за хуманоста на носителите за 2008 година им ги врачи министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Во обраќањето пред присутните, министерот Канческа-Милевска рече дека Мајка Тереза е најмаркантната личност и великан на хуманоста која ги надмина вековите и му ја остави на светот највредната универзална порака, секој секаде и секогаш да ги покажува и докажува на дело со личен пример и посветеност хуманоста и милосрдието.

- Неправејќи разлики кој и од каде е, на која нација, раса и вера и припаѓа, Мајка Тереза ги отвори најубавите хумани и духовни вредности кај луѓето, покажувајќи го личниот пример и саможртвувањето, што значат милосрдието и човекољубието. Својата работа и својот живот им ги посветуваше на сиромашните, болните, осамените, црпејќи инспирација која ја наоѓаше во Семожниот Господ Бог за кој постоеше и со него ја ширеше мисијата на љубовта, на милосрдието и на божествената светлина, истакна Канческа-Милевска.

Владата и Министерството за култура, посочи таа, почнаа и ја реализираат иницијативата за изградба на Спомен куќата на Мајка Тереза која ќе биде завршена и ќе му биде претставена на светот до крајот на годинава.

- Чинот на нејзината инаугурација ќе ја претвори Македонија во центар на светскиот хуманизам бидејќи уште во далечниот 10 век, Свети Климент ја формира средновековната школа на хуманизмот што зрачеше насекаде низ Европа. Мајка Тереза сега е светлина на третиот милениум што го разнесува македонскиот универзализам во светски рамки, рече Канческа-Милевска.

Овие признанија што го носат нејзиното име, додаде министерката, нека бидат уште еден патоказ за вечно живата светлина и љубов што извираат од нејзината личност која им припаѓа на луѓето во светот и на човештвото, личност со универзално хумано дело, со благородна духовна и световна мисија.

Присутните ги поздрави претседателот на МАНУ академик Ѓорѓи Старделов кој рече дека секој човек е запаметен во времето според длабочините и трајноста на своите траги што ги оставил зад себе во својот живот.

- Трагите на Блажена Мајка Тереза се неизбришливи и тие ќе живеат и ќе се паметат вечно. Таа во својот божји спокој создаваше постојано нешто живо и животворно, беше човек на надежта и човек на воскресението и умееше во утрешнината да ги пренесе плодовите на денешнината, истакна Старделов.

За неа, посочи тој, смислата на живот беше во копнежот и стремежот за правичност и морално општество.

Организатор на манифестацијата во спомен на Мајка Тереза која се упокои на 5 септември, е граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“.



Наjновo од Вести
Неизвесност околу палењето на Куранот
Во Охрид собир на млади од Југоисточна Европа – „Охридски процес“
Маневски во Загреб на конференција за ефектите од членството во ЕУ на правосудството
САД се соочени со заканата од внатрешен тероризам
Втора средба на кипарските лидери во рамките на интензивниот дијалог за обединување на островот
Вистински крај на војната на Балканот
Закана за шведскиот јазик во Финска
Време е да се реши прашањето за името
Армиите на Македонија и Австрија да ја прошират соработката на полето на обуката, едукацијата и вежбите
Централна прослава на Рамазан Бајрам во Кади чешма џамија во Мала Речица
Честитка од Стејт департментот за Денот на независноста на Македонија
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи