вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Штепан: Ќе биде од огромна корист соседните влади да ја прочитаат книгата „За македонските работи“ на Мисирков

Скопје, 5 септември (МИА) - Добро е да се потсетиме дека Мисирков ја напишал книгата „За македонските работи“, која стана толку многу важна за иднината на Македонија, дваесет години по берлинскиот конгрес и три години пред Илинденското востание, изјави денеска поранешниот германски амбасадор во Македонија Ханс Лотар Штепан, кој ја доби наградата „Крсте Петков Мисирков“ 2008 за животно дело, што ја доделува Фондацијата „Рамковски“. 

Штепан, заблагодарувајќи се за наградата на основачот на Фондацијата Велија Рамковски, прочита извадок од неговата книга „Македонскиот јазол“ посветен на Мисирков, порачувајќи дека „ќе биде од огромна корист сите соседни влади да ја прочитаат оваа книга“.

Добитници на наградата „Крсте Петков Мисирков“ 2008, која се доделува по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, се и  Шабан Сејдиу за постигнувања во спортот, оперскиот пејач Борис Трајанов за постигнувања во уметноста, Благоја Николовски за постигнувања во стопанството и академик Илија Васков за постигнувања во науката. Лауреатите добија статуетки на големиот македонски културен деец Крсте Петков Мисирков и по 10.000 евра.

Рамковски, кој им ја врачи наградата на добитниците, истакна дека e време да покажеме оти имаме ден на независноста и да се веселиме. - Имаме ден на независноста, луѓе да се гордееме. Треба со оптимизам да гледаме напред, да веруваме и да градиме, истакна Рамковски посочувајќи дека Македонија нема такви грижи за да не се весели. Тој исто така го истакна значењето на Крсте Петков Мисирков и на неговото дело „За македонските работи“.

Од името на добитниците за наградата се заблагодари академикот Илија Васков, потенцирајќи дека наградите стимулираат и обврзуваат да се работи повеќе. Васков нагласи дека Македонија, иако мала земја со вековни страдања, треба да продолжи да се бори за своја афирмација. - Сметам дека е потребен голем труд да ја повратиме гордоста на македонскиот народ, рече Васков.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ се доделува вторпат.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи