
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Од денеска престануваат да важат договорите за концесија
Скопје, 5 септември (МИА) - Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека од денеска престануваат да важат договорите за концесија кои „Македонските телеком“, „Мобимак“ и „Космофон“ ги имаа склучени со Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за телекомуникациите.
Во соопштението се наведува дека Агенцијата, согласно измените на Законот за електронски комуникации, што беа објавени на 4 август годинава, по службена должност ќе ги нотифицира овие компании и во рок од 15 дена ќе им издаде потврди за регистрација.
Со лиценците кои ќе ги добијат овие компании, тие ќе може да ги вршат сите оние дејности согласно договорите за концесија.
- За да не ја доведеме државата во ситуација да плаќа финансиска отштета, оние оператори кои користат радиофреквенции, ги задржуваат фреквенциите кои им се доделени со концесијата до договорениот временски рок (до 2018 година за АД Македонски телеком и Т-мобиле АД како правен следбеник на Мобимак АД и до 2023 г за АД Комсофон) и за што имаат платенo при нивното добивање, се вели во соопштението.
Со престанувањето на важењето на концесиските договори сите оператори на телекомуникацискиот пазар во земјава имаат еднаков третман, што е во насока на препораките и укажувањата од страна на Европската комисија. Она што е важно за претплатниците се отворените можности за интервенција на Агенцијата за електронски комуникации во делот на малопродажните цени, согласно Законот за електронските телекомуникации. Според Законот, врз основа на анализа на пазарот Агенцијата има право доколку утврди дека некој од операторите се впуштил во дерогација или ограничување на пазарот преку дампинг или превисоки цени, односно во експлоатирачки однос кон претплатниците или ограничување на конкуренцијата, како и во опструкции или дискриминаторски однос кон претплатниците, да пристапи кон директно регулирање на малопродажните цени.
Агеницијата тоа може да го стори со ограничување на малопродажните цени преку регулирање на индивидуални тарифи, цени ориентирани според трошоците, определување на цените според цените на споредливи пазари или т.н. бенчмарк методологијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|