вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу СКМ и ЦУК

Скопје, 5 септември (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ) Бранко Азески и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Панде Лазаревски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Меморандумот, како што истакна Азески,  ќе им овозможи на компаниите членки на СКМ да бидат во функција на сопствена, но и општествена заштита од штети предизвикани во кризните состојби. Со него Комората ги става сите свои капацитети во функција на справување со евентуални кризи.

- Ризикот е можност за загуба. Управувањето со ризик е насочување и контрола на можноста за загуба. Покрај цивилното население, кризните состојби се ризик и за бизнисите, без оглед на нивната природа. Збирот на индивидуалните загуби се рефлектира врз општеството во целина. Затоа бизнисот има право и обврска да учествува во управувањето со кризи, односно да биде одговорен за сопствениот развој, рече Азески по потпишувањето на Меморандумот.

Тој посочи дека Меморандумот претставува  премостување на недостатокот во Законот за управување со кризи и  ќе овозможи и фирмите како активни субјекти да се вклучат во менаџирањето на кризите.

Директорот на ЦУК Лазаревски рече дека е многу важно и бизнис заедницата да биде пример и да го пружи својот дел во превенцијата и справувањето со кризните ситуации.

- Мораме и треба да бидеме подготвени да се справуваме со несреќите кои произлегуваат од стихијата и природата.  Заради тоа значајно место во подготовките треба да имаат и НВО и бизнис заедницата која располага со капитал, човечки ресурси, материјално технички средства, а поседува и организација со која дава пример на каков начин луѓето се справуваат во конкретни ситуации, изнудувајќи го максимумот што може да се извлече во дадена ситуација, рече Лазаревски, нагласувајќи дека бизнис заедницата е пример за сите на каков начин може да се извлече максимумот при дадените ограничувања.

Тој истакна дека Меморандумот  понатаму ќе биде проследен и со потпишување други договори со Комората и нејзините членки.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Разгледани уште 29 амандмани од поднесените по Предлог - буџетот за 2009 година
Просветните работници да продолжат со наставата
Шврговски: Тврдења на сведокот за атентатот на Глигоров се невистинити
Во Гостивар на автобуската станица нападнти двајца полицајци
Здружението на блогери реагира на некои медиумски заклучоци дека презентираат неточна слика за одредени појави
Министерката Јанкулоска го означи почетокот на „Неделата на борба против трговија со луѓе“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи