Проектите на 13 македонски автори на 11. изложба на архитектура во Венеција

Скопје, 12 септември (МИА) - Архитектонските решенија за изградба на Амбасадата во Анкара, Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево, библиотека во Берово, рекреативно-едукативниот центар на гимназијата „Нова“, Музејот на македонската борба, куќа во Битола и црква и трговски центар во Скопје во парчиња картон и обединети во проектот „Метамак-отсечоци“ (Cut-Outs) ќе ја претстават Република Македонија на 11. Интернационална изложба на архитектура што ја организира асоцијацијата Венециско биенале.  Павилјонот на Република Македонија свечено ќе биде отворен утре во палатата Зенобио во присуство на заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ.


Шест тима од различни генерации архитекти ги здружија своите трудови во заедничка целина за да одговoрат на претпоставката што би било кога архитектурата би била сведена на површински феномен и би станала картонска творба, исечок од картон здиплен во одредена просторна конфигурација.  Автори-учесници се Мартин Гулески, Влатко П. Коробар, Митко Хаџи Пуља, Минас Бакалчев, Бетим Зекири, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Ана Ивановска, Владимир Десков, Искра Анастасова,  Владимир Лековски, Јован Ивановски и Дејан Ивановски. Покровител на учеството е Министерството за култура, а носител на проектот е Музејот на Град Скопје.


Оваа година биеналето за архитектура го води Арон Бетски, поранешен директор на Холандскиот институт за архитектура од Ротердам, а сега директор на Cincinnati Art Museum. Тема на годинашната архитектонска изложба во Венеција е „Таму некаде - архитектурата над градењето“  (Out There: Architecture Beyond Building), а целта и е да ја поттикне експерименталноста во архитектурата и користењето елементи од другите видови уметности од кои оваа дисциплина црпела мотиви во својот развој.

Според Влатко Коробар, автор и куратор на проектот и декан на Архитектонскиот факултет во Скопје, пренамената на техниките и експериментирањето со формите се можни пристапи за реализација на зададената тема.  Картонските исечоци  ќе бидат претставени на површина од околу 40 метри квадратни во македонскиот павилјон, сместен во барокната и пространа палата Зенобио.


Утре е и официјалното отворање на 11-та Интернационална изложба на архитектура која за посетителите ќе биде отворена од 14 септември до 23 ноември. Педесетина земји-учеснички ќе го претстават националното архитектонско творештво во своите павилјони во Арсенале, Џардини и во историското јадро на Венеција, во трка по трите награди Златен лав - за најдобра национална партиципација, за најдобар проект на изложбата и за надежен млад архитект. Златниот лав за животно дело годинава му припадна на  американскиот архитект Френк О'Гери.

Република Македонија на Венециското биенале за архитектура првпат учествуваше  во 2004 година, на деветтата архитектонска изложба, со делото „Метаморфозата - од хипер тело до инверзна перспектива“ на архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља. Вторпат учествуваше во 2006 година со проектот „Град на можни светови“ на авторите Михајло Зиноски, Саша Тасиќ, Димитар Папастеревски, Јован Ивановски и Владимир Петровски. Македонскиот павилјон тогаш од меѓународното жири доби признание за особени вредности. 

Организатор на светската архитектонска смотра е Венециското биенале - интердисциплинарна асоцијација за различни видови современа уметност и меѓу најпрестижните културни институции во светот. Ги обединува ликовната уметност, архитектурата, танцот, музиката, театарот и филмот.

Најстара е изложбата на современа ликовна уметност, чии почетоци датираат од 1893 година, кога венецискиот градоначалник Рикардо Селватико донел одлука во Венеција да се создаде биенална изложба на италијанската уметност. Таа била инаугурирана на 22 април 1894 година. Селватико бил нејзин прв претседател, а изложбата добила и учесници од другите земји.  Првата меѓународна ликовна изложба во Венеција била отворена на 30 април 1895 година, во присуство на 224 илјади посетители, а меѓу нив и кралот Умберто Први и кралицата Маргарита ди Савоја.

Централни места на изложбата се Арсенале и Џардини ди Кастело, каде што земјите-учеснички имаат павилјони во кои нивните официјални претставници-уметниците ги презентираат своите уметнички креации. Првиот национален павилјон на Џардини ди Кастело го отворила Белгија во 1907 година. Две години подоцна на таа локација свои павилјони отвориле и Унгарија, Германија и Велика Британија, а неколку години подоцна ним им се придружиле и Франција (1912) и Русија (1914). САД својот национален павилјон го отвориле во триесеттите години на минатиот век, кога Венециското биенале добило мултидисциплинарен карактер - се етаблирале и интернационалниот музички (1930), филмскиот (1932) и театарскиот фестивал (1934).

Над едновековниот континуитет на изложбата Венециското бинале бил двапати прекинуван - за време на Првата (од 1914 до 1916 година) и на Втората светска војна. По прекинувањето на активностите (последната изложба била во септември 1942 година), ликовната изложба на Биеналето продолжила во 1948 година. Филмскиот фестивал бил рестартиран во 1946, а теaтарскиот и музичкиот продолжиле една година подоцна. Меѓународната изложба за архитектура е помлада манифестација на Венециското биенале, втемелена во 1980 година. Најмлада манифестација што ја организира Венециското биенале е интернационалниот фестивал за современ танц.

Најголемо достигнување на Македонија во Венеција е освоениот Златен лав на Интернационалниот филмски фестивал, познатата Мостра, во 1994 година, за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...