Ставрески и Деџијанг потпишаа неколку документи за унапредување на макеоднско-кинеската соработка

Скопје, 15 септември (МИА) - Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Ставрески и вицепремиерот на Државниот совет на Народна Република Кина, Џанг Деџијанг, денеска во Скопје потпишаа четири значајни документи кои претставуваат промоција на одличните односи меѓу двете земји и континуираната соработка на билатерален план во пресрет на 15 годишнината од воспоставување на дипломатски односи помеѓу двете земји.

Потпишани се Спогодба за економска и техничка соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на НР Кина, Писмо за соработка во областа на развојот на човечките ресурси, Извршна програма за соработка во областа на културата за периодот 2008-2011 година помеѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на НР Кина и Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија и Бирото за промоција на инвестиции при Министерството за трговија на НР Кина. Четирите документи потпишани со уставното име на Република Македонија отвораат можности за соработка во областа на економијата, трговската размена, образованието, културата и високата технологија.   

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, за време на разговорите Ставрески ја истакна важноста на континуираната поддршка која Кина и ја дава на Република Македонија на меѓународен план, а особено поддршката за уставното име. Тој при тоа го потврди ставот на македонската Влада за признавање на „една Кина“.

На кинескиот вицепремиер му беа презентирани резултатите од спроведените економски реформи за подобрување на бизнис климата, вклучително ниските даноци, поедноставување на регулативата, подобрување на инфраструктурата и модернизација на образовниот систем, а како приоритет на надворешен план, беше издвоено членството на Македонија во НАТО и во ЕУ. Вицепремиерот Ставрески ја потенцираше и важноста од поголема промоција на Република Македонија на кинескиот пазар преку саемски претставувања, како и од поголемо присуство на кинески инвеститори во нашата земја.

Кинескиот вицепремиер, од своја страна, ја реафирмираше цврстата поддршка на Македонија за членство во НАТО и ЕУ под нејзиното уставно име. Тој ги поздрави реформите на Владата за подобрување на вкупната бизнис клима, потенцирајќи ја важноста на соработката помеѓу бизнис заедниците на двете земји. Во тој контекст, изрази подготвеност делегација од над 100 кинески бизнисмени да ја посети Македонија заради инвестирање и воспоставување бизнис релации со македонски компании. Изразен е интерес и за унапредување на соработката на полето на туризмот, преку афирмирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација помеѓу кинескиот народ.

Во знак на пријателство на кинескиот народ кон нашата земја, вицепремиерот Деџијанг  соопшти дека НР Кина ќе додели грант на Република Македонија во износ од 11 милиони јуани за развој на човечките ресурси. На средбата станало збор за поголема размена на студенти меѓу двете земји, при што беше понудена помош за изучување на кинескиот јазик во Македонија преку формирање на Институт Конфучие во државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...