
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Со пригодни активности во Куманово се одбележува „Детската недела“
Куманово, 6 септември (МИА) - Во организција на Здружението за грижи и воспитување на децата од Куманово, со поголем број активности неделава ќе биде одбележана „Детската недела“ под годинешното мото „Се за децата“.
Претседателката на здружението Виолета Стошевска појаснува дека во сите основни училишта во општината ќе се одржат трибини и предавање за децата, за нивната грижа, воспитување и образование.
- Во градинките и основните училишта ќе се организираат и приредби, маскебали, а ќе бидат промовирани и стихозбирки за деца. Во активностите ќе бидат вклучени сите образовни и воспитни институции“, истакнува Стошевска.
Македонија, како и останатите земји кои се потписнички на одлуката за одбележување на детската недела во првата полна седмица од октомври, донесена од Обединетите Нации, се вклучува со свои активности, преку различни здруженија и организации.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|