
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Средношколците Албанци од економско училиште „Перо Наков“ ја бојкотираат настават, бараат дислокација
Куманово, 6 октомври (МИА) - Откако не ги добија бараните контејнери за изведување настава, кои требаше да бидат поставени во касарната „Христијан Тодоровски Карпош“, учениците Албанци, од средното економско училиште „Перо Наков“ ја бојкотираат наставата.
Советот на родители Албанци бара да се започне со изградба на објектот број 6 во касарната со што, според нив, трајно ќе се реши проблемот на средношколците. Поранешниот министер за образование Сулејман Рушити им ветил дека ќе им изгради девет контејнери каде ќе бидат сместени дел од 720-те ученици од училиштето.
- Поранешниот министер вети дека дека контејнерите ќе бидат поставени во дворот на објектот 6 во касарната „Христијан Тодоровски Карпош“, како замена за училници. Ние го прифативме овој предлог и решивме да почнеме со наставата на 1 септември. Но, сега ги нема контејнерите, а децата и натаму учат во три смени, изјави Фуад Азизи, заменик директор на училиштето Перо Наков.
Бојктот на наставата ќе трае се додека не се започне со изградба на објектот и дислоцирање на учениците. Надлежните барале средби со Министретвото, но резултати нема.
Овој проблем се појави во 2002 година кога учениците Албанци не сакаа да учат во зградата на економското училиште „Перо Наков“. Тие одреден период учеа во зградата на поранешен ЗИК, а сега се сместени во просториите на поранешниот работнички универзитет.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|