четврток, 20.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Од утре до 9 октомври во Охрид годишен состанок на министрите за одбрана на земјите од ЈИЕ

Скопје, 6 октомври (МИА) - Охрид од утре до четврток ќе биде домаќин на годишниот состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа вклучени во СЕДМ процесот.

На состанокот, покрај министрите за одбрана на државите од регионот, се очекува да присуствуваат и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, командантот на јужното крило на НАТО со седиште во Неапол Марк Фицџералд, командантот на бригадата на Југоисточна Европа Вирџил Балацеано, грчкиот министер за одбрана Евангелос Меимаракис и италијанскиот државен потсекретар Џузепе Косига.

Американскиот секретар за одбрана Гејтс, според најавите, ќе има заедничка средба со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана Зоран Коњановски.

На состанокот во Охрид ќе присуствуваат и министрите за одбрана на земјите набљудувачи во СЕДМ процесот. Во СЕДМ се вклучени 12 земји - полноправни членки и тоа САД, Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Македонија, Романија, Турција, Украина, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина и четири земји набљудувачи - Грузија, Молдавија, Црна Гора и Србија.

Во функција на непречено одвивање на сообраќајот за време на претстојниот состанок, СВР Охрид најави дека презема низа оперативно-превентивни мерки и зајакната примена на законските овластувања. За безбедно движење на делегациите и возилата под придружба, на одредени патни правци и сообраќајници привремено ќе биде ограничено движењето на моторните возила. Во тек се активности за отстранување на неправилно паркираните возила од сообраќајниците, на булеварот „Туристичка“, како и на патните правци што водат кон хотелските објекти и во централното градско подрачје.

СВР Охрид апелира до граѓаните да се воздржат од користење моторни возила за време на одржувањето на Министерскиот состанок. Истовремено се информираат граѓаните дека полицијата во деновите на состанокот ќе презема и други мерки за физичко обезбедување на поширокиот реон и објектите каде ќе престојуваат учесниците на форумот.

Состанокот на министрите за одбрана од ЈИЕ е десетти по ред и претставува јубилеј, ако се има предвид фактот дека на 26 септември 2008 година се навршуваат десет години од потпишувањето на Договорот за Мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа (ММСЈИЕ), врз основа на кој во 1999 година е формирана бригадата на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ).

Процесот за соработка на министрите за одбрана од земјите на Југоисточна Европа кој претставува продолжување на регионалната соработка во областа на одбраната на земјите од Југоисточна Европа започна во 1996 година и во целост е поддржан од САД. Целта на процесот е јакнење на разбирањето и политичко-воената соработка помеѓу земјите во регионот, во насока на јакнење на безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа.

Согласно одлуките на СЕДМ, со цел за ефикасно функционирање и ангажирање на ММСЈИЕ, формиран е Политичко воениот управен комитет (ПВУК) како тело кое ги координира активностите, иницијативите и проектите кои се во доменот на одбраната, чиј што претседавач од минатата година е Република Македонија ММСЈИЕ со мандат до јули 2009 година.

Република Македонија активно учествува во СЕДМ процесот од самиот почеток. Македонски војници се ангажирани во бригадата СЕЕБРИГ од нејзиното формирање, како и со претседателствувањето на ПВУК. Со организација на годишниот состанок на министрите за одбрана од земјите од Југоисточна Европа – СЕДМ, Македонија уште еднаш силно ги потврдува нејзините напори за зајакнување и подобрување на регионалната соработка, а посебно на добрососедските односи.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи