
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Пепелата и остатоците од коските од Влатко Андевски погребани на гробиштата во Оризари
Кочани, 6 октомври (МИА) - Наодите од направената истрага според истражните органи кои го докуменираа случајот во населбата Оризари, Кочанско, укажуваат на сомневање дека Влатко Андевски (32) самиот си го одзел животот со бесење. Пепелата и остатоците од коските беа погребани во саботата на гробиштата во Оризари.
Според она што го изјавила неговата мајка, Влатко бил тешко болен со нарушена функција на бубрезите, боледувал од шеќерна болест, а во јули годинава поминал извесно време и во Домот за душевно болни во Бардовци.
Мајката Лозена Андевска откако го пронашла неговото тело обесено на јаже за греда од куќата го пресекла јажето со нож и го однела во подрумската просторија. Со секира и нож го искасапила телото на синот, парчињата ги ставила во пластична канта и за да не мирисаат ги посипала со сол и вегета. Наредните 7-8 дена деловите од телото ги горела во шпоретот со дрва, а пепелата ја собирала во бел чаршаф.
Во истрагата таа на истражниот судија му признала дека ова го направила на барање на синот како аманет од него да не троши пари по погреби, туку да го запали. Андевска, според наодите од медицински лица во штипската болница, најверојатно не е умно болна жена, туку напротив слепо ја почитувала волјата на синот.
Дали Лозена Андевска ќе биде ослободена од сомневањето за убиството и дали ќе биде обвинета за скрнавење на умрено лице за што може да добие парична казна или казна затвор во траење од една година ќе се дознае деновиве кога целосно ќе биде расветлен случајот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|