петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Карванот против производство и употреба на касетни бомби „Ban BUS“ во Скопје

Скопје, 6 октомври (МИА) - Карванот за забрана на производство, употреба и складирањето на касетни бомби „Ban BUS“, денеска престојува во Скопје. Идејата на карванот е со автобус да се посетат главните градови на 21 европска земја и да се апелира до владите да прекине употребата, производство и дистрибуција на касетни бомби.

Филип Спировски, претседател на невладината организација „Новинари за права на деца и жени и заштита на животната средина на Македонија“ на денешната прес-конференција информираше дека караванот „Ban BUS“, тргнал на први октомври од Белград, продолжува во Грција, а на трети декември ќе пристигне во Осло, каде што ќе биде и потпишувањето на документот со кој земјите членки на Обединетите нации, треба да ја потврдат забраната за употреба на касетните бомби.

Тој посочи дека иако во Македонија не се произведуваат касетни бомби, сепак, треба да го потпише тој документ, бидејќи, како што рече, земја претставува зона низ која се транспортираат.

Според Џон Ростед, член на карванот, главниот акцент на кампањата е правниот аспект, односно да се стави забрана на производството на касетните бомби. Ростед додаде дека последиците од нив се чуствуваат и по употребата, а чистењето е процес кој трае од осум до десет години.

На плоштадот „Македонија“ беа изложени фотографии на кои беа прикажани последиците предизвикани од касетните бомби и се собираа потписи за поддршка на иницијативата за нивна забрана, како и приклучување на Македонија кон земјите кои ја потпишале декларацијата.

Меѓу најголемите производители на касетни бомби во светот се САД, Кина, Грција, Турција и Србија.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи