
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Прилепските земјоделци бараат до крајот на неделава да ги потпишат договорите за закуп на државното земјиште
Прилеп, 6 октомври (МИА) - Земјоделците бараат до крајот на неделава да ги потпишат договорите за закуп на државното земјиште што го добија на огласите лани и годинава. Во спротивно, велат, есенва ќе нема на што да се сее.
- Неодамна реагиравме за нереализираните тендери, а новиот што го распиша ресорното Министерство не може да стигне навреме за да се распределува земјиштето. Деновиве оттаму добивме ветување дека проблемот ќе биде наскоро решен, вели Перо Стојкоски, претседател на регионалното земјоделско здружение „Клас”.
На минатогодишниот тендер беа понудени 4.200 хектари, но од нив се распределија половина, а на пролетниот беа распишани околу 3.000 хектари.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Прилеп веќе е направен планот за есенската сеидба која, како што велат, се очекува да почне за неколку дена доколку потрае топлото време. Од вкупно 16.000 хектари во Прилепско, со пченица треба да се посеат 14.600 од кои најмногу, преку 10.000 хектари, ќе засеат индивидуалните земјоделци.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|