Во август издадени 317 одобренија за градење
Скопје, 6 октомври (МИА) - Во август годинава се издадени 317 одобренија за градење на територијата на Република Македонија, соопшти Државниот завод за статистика.
Од нив, 258 или 81,4 отсто се за објекти од високоградба, 11 или 3,5 отсто за објекти од нискоградба и 48 или 15,1 отсто за објекти за реконструкција. На 268 објекти или 84,5 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти или 15,5 отсто инвеститори се деловни субјекти.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.549.940.000 денари.
Во извештајниот период предвидена е изградба на 779 станови.
|