петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Министерот Јанакиески ги посети поплавените домови во Петралинци

Струмица, 6 октомври (МИА) - Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Кристијан Делев денеска ги посетија поплавените куќи и ниви во атарот на селото Петралинци во општина Босилово.

Тие беа информирани дека по вчерашниот пороен дожд 50 куќи во Петралинци и 150 до 200 декари  посеви под зелка,  корнишони, домати, пченка и фуражни култури  осамнаа под вода, а поради неичистената локална и регонална каналска мрежа  на некои места водата сеуште не е повелечена од домовите и нивите.

Општинската комисија за проценка на штети денеска излезе на самото место и по направениот увид излезе со официјален извештај за последиците од поплавата.

- Владата на утрешната седница ќе ја разгледа ситуацијата и ќе оцени какви мерки треба да се преземат за евентуален надоместок на штетите, но уште повеќе за спречување на вакви поплави во иднина. Од страна на општина Босилово  за оваа година има доставено проект до Министерството за чистење на каналите во ова подрачје, но истиот не е ставен на листата на приоритетни проекти. Проблемот не е во примарните, туку во секундарните канали кои се затрупани со земјоделски отпад, а на едно место дури има и пренасочување на еден канал. Утре од Водостопанство на Македонија ќе дојдат стручни лица со цел да се утврди фактичката состојба и овие канали повторно да се стават во функција, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Кристијан Делев.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи