
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Собрание на пауза по барање на ДУИ
Скопје, 6 октомври (МИА) - Потпретседателот на Собранието на Република Македонија Светлана Јакимовска веднаш по почнувањето на 24. седница даде пауза од еден час по барање на пратеникот Тахир Хани од ДУИ за дополнителни консултации во врска со предложениот дневен ред.
Пратениците на оваа седница треба да ги раzгледаат Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, неколку ратификации на договори и конвенции, Ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка за олеснување на издавањето визи, како и неколку предлози за изменување и дополнување на други законски решенија.
Дневниот ред на оваа седница меѓу другото е дополнет и со Предлог одлуката за избор на членови на Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и со Предлог одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседател и на членови на Советот на Собранискиот канал.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|