четврток, 20.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Прв академски час за околу 1.500 нови студенти на Универзитетот ФОН

Скопје, 6 октомври (МИА) - Првиот приватен универзитет во Македонија ФОН денеска ја почна новата 2008/2009 година со врачување на индексите на бруцошите и со академски час што свечено го отвори ректорот Александар Николовски, кој им порача на  идните студенти од првиот ден да почнат да ја истражуваат професијата што ја избрале.

- ФОН застана на своите нозе и веќе разработува стратегија на се подобар квалитет во однос на струките, рече Николовски, потсетувајќи дека Болоњскиот процес и европскиот кредит-трансфер систем на ФОН се применува од 2005 година.  Тој истакна дека во шестгодишното постоење ФОН станал познат и призант во Европа и пошироко и посочи на договорената соработка со еминентни универзитети во Европа и САД. Меѓу нив е и универзитетот во Сарагоса од 16 век и најстар  во Шпанија, со кој ФОН соработува за новоотворената Катедра за шпански јазик.  

Успешна академска 2008/2009 година на идните студенти им посака генералниот директор на Универзитетот Сефер Цаноски. Тој истакна дека  ФОН е прва високообразовна институција што воспоставила врска меѓу стопанството и едукацијата за да оспособи кадар што ќе одговори на новите предизвици. База на практичната настава на која ФОН посветува особено внимание се околу сто големи компании во Македонија со кои Универзитетот минатата година склучи договори за соработка и стипендирање.

Цаноски најави отворање уште три факултети од идната академска година - за медицински науки, за стоматологија и за фармација, а во универзитетскиот кампус ќе функционира и болница како поддршка на теоретскиот дел од наставата.

На десетте факултети на ФОН во Скопје и во Струга има над 5.000 студенти. Годинава се запишале околу 1.500 студенти. Најголем бил интересот за факултетите за економски науки, за детективи и безбедност, за правни и за политички науки. Поради помал интерес, во 2008/2009-та во мирување и без студенти во прва година ќе бидат Филозофскиот факултет и факултетите за спорт и спортски менаџмент и за менаџмент на животна средина.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи