петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

Боцевски: Признавањето на Косово ќе се темели на нашите национални и државни интереси

Тетово, 6 октомври (МИА) - Секоја одлука за статусот на Косово ќе се темели на нашите национални и државни интереси, истакна вицепремиерот Ивица Боцевски денеска во Тетово.

- Владата на Република Македонија мошне сериозно, претпазливо и внимателно го разгледува развојот на настаните кои се поврзани со статусот на Косово и секоја одлука ќе се темели на нашите национални и државни интереси како и се разбира димензијата во однос на нашите европски и нато интеграции, рече Боцевски.

Според него, тоа што ја разликува нашата од другите земји во регионот е тоа што нашата надворешна политика беше секогаш мирољубива и рационална.

- Никогаш немавме ниту личини, ниту партиски истрчувања и секогаш се работеше за државни интереси и така ќе постапуваме и во овој случај без разлика што имаме разноразни повици во овој период, рече Боцевски.

Тој истакна дека групата за демаркација сериозно ја работи работата и процесот се одвива непречено.

На новинарско прашање дали Македонија може да остане надвор од евроинтегративните процеси Боцевски истакна дека Македонија неможе да остане надвор од интеграциите.

- Македонија е земја во Европа, Македонија е земја чие природно право е да биде член на ЕУ и НАТО и македонската приказната ќе се заокружи во оној момент кога таа ќе биде во семејството на западните нации каде што ни е местото, рече Боцевски.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи