
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Министерот за труд Џељаљ Бајрами во посета на градинката „Детска радост“ во Автокоманда
Скопје, 7 октомври (МИА) - Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами, во рамките на „Детска недела“ денеска ќе ја посети градинката „Детска радост“ во Автокоманда.
Министерот Бајрами ќе ја посети и Спортската сала - Автокоманда, каде што ќе се одржат спортско забавните игри „Игри без граници“ на кои ќе земат учество деца од повеќе градинки од Македонија.
„Детска недела“ е манифестација посветена на децата и се востановува заради развивање на активности за афирмација на заштитата на децата. Во текот на траењето на манифестацијата се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни активности од областа на екологијата и други активности посветени на децата.
„Детска недела“ се одржува секоја година и почнува во првата полна недела во месец октомври и трае седум дена.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|