
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Собранието ќе ја продолжи 24-та седница
Скопје, 7 октомври (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи работата по 24-та седница.
На дневен ред се Предлог одлуката за избор на членови на Анкетната комисија за утврдување на околностите на загинувањето на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, Предлог одлуката за именување на членови на Комисијата за електронски комуникации, Предлог одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседател и членови на Советот на Собранискиот канал, како и Предлог одлуката за разрешување од функцијата заменик на директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
На оваа седница, меѓу другите точки се и Предлогот за избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија, неколку ратификации на договори и конвенции, Ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Кралството Норвешка за олеснување на издавањето визи, како и неколку предлози за изменување и дополнување на други законски решенија.
Пред пратениците ќе се најде и Информацијата за резултатите од истрагата, во врска со падот на армискиот хеликоптер на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, во која животот го загубија 11 мировници на Армијата на Република Македонија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|