
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Пристигна товарниот воз од Бар во Скопје
Скопје, 7 октомври (МИА) - Маршрутниот воз со полна композиција од 20 вагони, стока на шпедицијата „Трансконт“ што тргна на 3-ти овој месец од пристаништето во Бар денеска пристигна во Скопје, информира Стопанската комора на Македонија.
Пристаништето во Бар во јули годинава беше избрано како најдобра алтернатива по штрајкот на солунското пристаниште и зголемените трошоци за транспорт за македонските стопанственици, бизнисмени и шпедитери.
Според Страшо Крстевски, директор на скопската шпедиција „Трансконт“ трошоците со воз од Бар до Скопје се намалени за 250 до 500 евра од контејнер во однос на транспортот со камиони. Алтернативниот транспорт преку пристаништето во Бар е овозможен од шпедитерската компанија „Паншпед“.
Транспортот Бар - Македонија, според најавите, ќе се врши еднаш неделно, а доколку има потреба може и повеќе пати.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|