вторник, 07.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Те сакаме сите, Тоше
Вести / Македонија

Нова рунда разговори за името во Њујорк

Њујорк, 7 октомври (МИА) - Медијаторот на ОН во македонско-грчките разговори за името Метју Нимиц денеска во Њујорк ќе има одделни средби со претставиците на Македонија и на Грција.

Како што соопшти прес-службата на ОН, Нимиц утре ќе одржи и заедничка средба со македонските преговарачи Никола Димитров и Мартин Протоѓер и со грчкиот Адемантиос Василакис. 

Според најавите во Скопје и во Атина, не е исклучено медијаторот на оваа рунда разговори да изнесе финален предлог за решевање на спорот за името.

Пред средбите во Њујорк, вчера за името заседаваше мекдонскиот државаен и партиски врв, но не успеа да усогласи заедничка позиција.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ остана на ставот дека двојната формула е најдоброто решение – односно уставното име за сите земји и име што ќе биде договорено за билатерералната комуникација со Грција.

Претседателот Бранко Црвенковски, пак, смета дека со тоа им се скратува можноста на македонските преговарачи активно да учествуваат на средбите со Нимиц и да ги презентираат сугестиите на Македонија за модификација на досегашните негови предлози.

Опозицискиот СДСМ понуди решение според кое сегашната референца ПЈРМ би се заменила со име со географска одредница што нема да ги повредува македонскиот национален идентитете, јазик и култура.

Демократската унија за интеграции ќе поддржи консензус што ќе го направат македонските политички партии, но нема да прифати решение кое во себе ќе содржи додавки за етничка припадност.

ДПА не го соопшти својот став, бидејќи нејзиниот лидер Мендух Тачи не учествуваше на вчерашната лидерска средба.  

Државните и политичките лидери не се усолгласија ниту за петте предложени заклучоци: да се реафирмираат македонските ставови за влез во НАТО и ЕУ, дека Македонија активно ќе учествува во процесот под покровителство на ОН за разговорите за името, дека двојната формула има политичка тежина и може да биде сметана како разумен компромис, дека македонските преговарачи нема да бидат овластени да преговараат за какво било решение во однос на македонскиот национален идентитет и правото на самоопределување. Петтиот и последен заклучок бил дека лидерите на политичките партии се согласуваат евентуалниот конкретен предлог што би дошол како резултат на разговорите за името да биде ставен на референдум.

Во Атина засега има само медиумски, но не и официјални реакции за средбата во Њујорк. Грчките медиуми објавуваат дека Нимиц на претставниците на Грција и на Македонија денеска и утре ќе им го достави конечниот предлог за решавање на спорот за името, што најверојатно ќе се базира на називот „Северна Македонија“.

Тие ја пренесуваат позицијата на грчки дипломати дека новиот предлог ќе биде близок до позицијата на Атина, но оти нема целосно да ги исполни нејзините желби во врска со опфатот на употреба на името и за пасошите. Тоа, како што се нагалсува, може да доведе до второ грчко вето за Макеоднија во декември, по она во Букурешт за НАТО, овојпат при донесувањето на одлуката дали да и се одреди термин за почеток на преговорите за интеграција во ЕУ.


Наjновo од Вести
Кривична пријава за лице од Скопје осомничено за сторени повеќе кривични дела
Утрешниот штрајк на националниот сообраќај ќе ја парализира Грција
ССМ организира масовен протест во Скопје на 14 ноември, а на 7 ноември во шест помали градови
Министерот за правда Маневски очекува позитивен одговор од Хрватска за предметот „Раштански лозја“
Министерот Маневски од утре во посета на Стразбур
Локалните избори во Босна во согласност со демократските стандарди, според Конгресот на локалните и регионални власти
Тајван ја обвини Кина за обид за биолошка војна
Порталот www.pravo.org.mk се збогатува со податоци од судската пракса
Комуналната бучава во Битола во дозволени граници
СДСМ и ДУИ ја прифатија поканата за лидерска средба на премиерот Груевски, се очекува одговорот од ДПА
Собранието го изгласа составот на Анкетната комисија за истрага на загинувањето на претседателот Борис Трајковски
Првичен извештај од проектот на „Транспареност-нулта корупција“ за состојбите со корупцијата во клучните сегметни на општественото живеење
Судијата Крсте Сиваков член на Судскиот совет даде свечена изјава
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи