петок, 21.11.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Македонија

ДПА не се согласува Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН

Тетово, 7 октомври (МИА) - Демократската партија на Албанците изразува  загриженост за ставот на Владата на Република Македонија да гласа воздржано за иницијативата на Србија во ОН.

Таквите ставови, истакна на денешната прес - конференција портпаролот на партијата Адриатик Имери, потврдуваат дека Македонија го изгуби прозападниот курс.

- Изјавите на официјалните преставници на Владата директно се во служба на просрпските кругови кои се обидуваат по секоја цена да го спречат признавањето на самостојноста на Косово. Дали во интерес на Македонија е неподдржувањето на политиката на САД и ЕУ? Ако Македонија со оваа наводно конструктивна политика имаа добри односи со соседите, тогаш нека ни кажат со кои соседи имаат добри односи, освен со Србија?, рече Имери.

Тој, во името на партијата, го праша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како владин коалициски партнер, „каде се неговите помпезни изјави дека кога ќе бид дел од власта ќе ја признае самостојноста на Косово“.

- Ако Али Ахмети и ДУИ немаат храброст да го споменат признавањето на самостојноста на Косово или ако немаат храброст да инсистираат Македонија да гласа против предлогот на Србија, во моментите кога неговите пратеници се во бегство, кога нема никакво влијание врз одлуките на владата, што друго треба да се случи Али Ахмети да ја напушти власта, побара Имери.


Наjновo од Вести
Тетовската полиција откри четиричлена група поврзана со серија провални кражби
Европарламентот ја поддржа сината карта за висококвалификувани имигранти во ЕУ
Самит за развој на човечки ресурси
ЗЕЛС и УНДП во промотивна кампања на Етичкиот кодекс за локалните функционери
ЕП со критики за предлогот за користење на податоците на патниците
Барозо не го коментира пакетот од 130 милијарди евра економска помош за ЕУ
Обезбедени нови дополнителни 500 универзални дозволи за вршење транспорт во Австрија
Македонија да ги искористи можностите за извоз на рускиот пазар
Средба на претседателот Црвенковски и претседавачот на Претседателството на БиХ Радмановиќ
МЕПСО: Ако почнеа работите на новиот далекувод Тетово1-Вруток немаше да се случат дефектите во Тетовско
Во Македонија евидентирани 107 заболени од СИДА
Реакција на ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петковски за тужбата пред Меѓународниот суд
„Меѓаши“ и ЦИРа промовираат Фонд за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Астрономија
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи