
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Жителите од кривопаланечкото село Голема Црцорија бараат граничен премин кон Србија
Скопје, 7 септември (МИА) - Хуманитарното здружение „Хоризонт“ од Крива Паланка иницира отворање граничен премин во делот кон Србија, кај селото Голема Црцорија од македонска и кај селото Голеш од српска страна, што би ги поврзало жителите на двете села и населението во другите погранични места меѓу двете земји.
- Лицата кои се засегнати најчесто се роднински поврзани или имаат имоти кои ги обработуваат преку граничната линија. Потребно е тие да поминат околу 320 километри и да го преминат граничниот премин „Табановце“ кој е единствен премин. Границата за овие лица се наоѓа само на еден километар од нивниот дом, соопшти „Хоризонт“, појаснувајќи ја причината за иницијативата.
Здружението информира дека и покрај согласноста на месното население во Македонија, идејата не може да се реализира зашто зависи од властите во Србија кои треба да формираат Комисија за гранични премини.
Претставници на „Хоризонт“ за таа цел имале средба и во Амбасадата на Србија во Скопје, а ги информирале и конзуларните одделенија на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Србија. Од српска страна добиле ветување дека барањето ќе се актуелизира во Белград.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|