
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Кривична пријава за тројца скопјани осомничени за производство и пуштање во промет на марихуана
Велес, 7 октомври (МИА) - Велешката полиција до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против 25 годишниот Т.К , 16 годишниот А.П. и 26 годишниот А.Т.сите од Скопје,поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекусори“.
Во СВР Велес биле информирани дека во село Џидимирци, тројцата осомничени имаат засадено насад со растенија канабис сатива-марихуана,при што на увид на терен полицијата пронашла околу 30 стебла марихуана. На патот за село Џидимирци кај Катланово велешката полиција вчера во патничко моторно возило марка „југо“ ги затекнала осомничените. При преглед на нивното возило било пронајдено едно хартиено пакување со опојна дрога марихуана.
Врз основа на претходно дадена наредба од истражниот судија од Основниот суд во Велес при извршениот претрес на куќата во село Џидимирци, каде што престојувале осомничените, велешката полиција пронашла свежо исечени 30 стебла од растението канабис сатива марихуана со различна големина наредени за сушење.
СВР Велес најави дека денеска на тројцата осомничени ќе им се изрече мерка притвор. Инаку сите тројца осомничени претходно и се познати на полицијата за вакви и слични кривични дела меѓу кои се и тешка кражба и нарушување на безбедноста на јавниот сообраќај.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|