Црвенковски на Науснер му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Скопје, 9 октомври (МИА) -  Македонскиот претседател  Бранко Црвенковски денеска на Вилхелм Науснер од Република Австрија, кој од 1996 до 2008 година ја вршеше должноста суперинтендент и застапник на Евангелско-методистичката црква во земјава, му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“.

- Причините кои ме мотивираа да ја потпишам Одлуката за доделување на Повелба на Република Македонија на господинот Науснер, се неговите исклучителни заслуги во спроведувањето на хуманитарни  активности, како и за неговиот придонес во развивањето на пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Австрија. Тој ја покажа својата посветеност и успешност не само во организирањето на голем број хумани дела за македонските граѓани, туку, за нас, од непроценливо значење е и неговото лобирање за афирмацијата на македонската држава во светот, рече претседателот Црвенковски на свеченоста на доделувањето на признанието.

Тој додаде дека активностите на Науснер насочени кон помагање на лицата кои се соочуваат со суровоста на животот и со сиромаштијата и трагедијата треба да бидат поттик и пример за тоа како треба сите ние да се однесуваме.

- Во таа насока, тој лично се ангажира и успеа од Владата на Република Австрија, да ги обезбеди потребните средства за изградба на социјалниот центар во Струмица, како прв и единствен од таков вид во нашата држава, за најзагрозената социјална категорија на граѓани. Македонија ја цени неговата севкупна ангажираност, како застапник на Евангелско-методистичката црква за Македонија во периодот од 1996-2008 година. Ова е од големо значење за сите нас, и токму поради тоа, неговата хумана, благородна, великодушна и несебична страна треба да ја почитуваме и негуваме, бидејќи само на тој начин големите луѓе ќе го добијат заслуженото место, рече Црвенковски и додаде дека сите ние треба да ги препознаеме и вреднуваме вистинските дела, да им дадеме и континуитет да опстојат и покрај сите препреки на денешницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...