Писателот Разме Кумбароски добитник на наградата „Патишта на културата во новиот милениум“

Скопје, 10 октомври (МИА) - Македонскиот писател Разме Кумбароски од Струга е добитник на наградата и повелбата „Патишта на културата во новиот милениум“ што секоја година ја доделува Задужбината „Петар Кочиќ“ од Бања Лука, Босна и Херцеговина. Наградата им се доделува на лица кои придонеле за афирамција на народите и културите од целиот свет.

Наградата на Кумбароски ќе му биде врачена на 21 октомври, на отворањето на Белградскиот саем на книгата. Кумбароски е основач и прв претседател на манифестацијата „Млада Струга“ и на Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ во Струга. Тој е почесен член на Кипарската академија „Кибатек“. Неговото дело е преведено и објавено на повеќе светски јазици.

Кумбароски пишува поезија, романи и есеи. Автор е на 15 книги, „Вроден премин“, „Мусандра“, „Манастир“, „Троја“, „Мириси, кораби, злато“, „Чудесија“, „Потковица и зла месечина“, „По патот“, „Песни за Кипар“, избор-панорама „Поетите од Струга“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...