
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Сопрен сигналот на Радио Кочани поради долг кон ЕВН
Кочани, 10 октомври (МИА) - Од денеска повторно е прекинат сигналот на Радио Кочани преку кој се емитуваше програмата на средна бранова должина од 98,3 мега херци.
Радио Кочани кое подолги години се соочува со финансиски проблеми, пред две години го изгасна сигналот, за повторно пред еден месец да биде вклучен.
Гаснењето на сигналот е последица на неподмирениот долг кон ЕВН за електрична енергија во износ од шест илајди евра.
Радио Кочани има и долг за неплатено пензиско и здравствено осигурување на 10 вработени за период од седум години. Целокупната опрема на Радио телевизија Кочани во април годинава беше продадена на лицитација.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|