
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Косово приведени две лица во врска со инцидентот со отстранувањето на граничниот камен
Скопје, 10 октомври (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска по завршувањето на првиот состанок на проектно - управната група за Проектот за поддршка на развојот на полицијата информира дека последната информација од косовска страна е дека две лица се веќе приведени во врска со инцидентот што се случи со отстранувањето на еден од граничните камења на северната македонска граница на делот кон Косово, а случајот е процесуиран до правосудните органи.
- Инцидентот во ниедна форма не го нарушува процесот на демаркација на граничната линија, која е во завршна фаза и не влијае на безбедносната состојба во регионот, потенцира министерката Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање.
Таа повторувајќи дека од македонската страна од границата нема никакви оштетувања на граничниот камен, нагласи дека сепак ценејќи ја важноста на ова прашање и чувствителноста на политичкиот момент, како што рече, веднаш биле контактирани надлежните од косовската страна од границата. Тие потврдиле дека од нивната страна има изолиран инцидент, по кој веќе имаат преземено мерки и активности.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|