
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Во Кочани голем интерес за вакцината против ХПВ
Кочани, 10 октомври (МИА) - Имунизацијата кај девојчињата од 9 до 15 годишна возраст против вирусот ХПВ кој предизвикува рак на грлото на матката во Кочани започна и заврши за еден ден.
Во Заводот за здравствена заштита од овој град од пристигнатите 100 вакцини од по три дози се потрошени 64. Останатите 36 вакцини се распределени во Заводите за здравствена заштита во Виница, Берово, Пехчево и Делчево.
Според Светлана Андонова, раководител на Одделението за епидемиологија при Заводот за здравствена заштита од Кочани интересот за имунизација кај девојчината во Кочанско е мошне голем. За два дена во Заводот се пријавиле 150 девојчиња. И во заводите во Виница, Берово, Пехчево и Делчево бројот на пријавените за имунизација против вирусот ХПВ е двојно поголем од добиените 36 вакцини.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|