
|
 |
Вести / Македонија
|
|
Комисијата за финансирање и буџет ја усвои Предлог-одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници
Скопје, 15 октомври (МИА) - Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја усвои Предлог - одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.
Заменик-министерот за финансии Недим Рамизи рече дека се предлага реалокација на средства меѓу одделени буџетски корисници со цел да се обезбедат дополнителни средства на веќе започнати проекти и активности кои реално може да бидат реализирани до крајот на годинава.
Вкупната нето - сума на средства што ќе се распределуваат изнесува четири милјарди 528 милиони денари. Средствата, меѓу другото, се пренасочуваат за доизградба на Градскиот стадион во Скопје, изградба на социјалните станови, доизградба на Градскиот Трговски Центар, доопремување на спортската сала „Борис Трајковски“, за инвестиции во железничката инфраструктура, како и за поддршка на Јавното претпријатие Македонска радио телевизија и МЕПСО. Со оваа одлука се обезбедуваат и дополнителни средства за подмирување на доспеани долгови над 60 дена кај одделни здравствени установи и за довршување на Клиниката за гинекологија, а се обезбедуваат и средства за поддршка на проекти во општините, како и дополнителни средства за акцијата за пошумување, за натамошната имплементација на проектите „народни кујни“ и „за самовработување“, за набавка на информатичка опрема за судовите и јавните обвинителства, како и средствата за издавање на ваучери за компјутери за студентите.
Повереникот на Владата Вера Проковиќ рече дека со одлуката се финансираат и проекти што биле планирани со Буџетот за 2009 година, што генерално значи дека со ова би се растеретил буџетот за идната година.
Комисијата го усвои и Предлогот за донесување на закон за издавање на вредносни бонови-ваучери, со Предлог - закон. Со законот се предлага и годинава на студентите кои за првпат ќе се запишат во учебната 2008/2009 година и оние кои се евидентирани како лица со посебни потреби да им се доделат ваучери за купување компјутер. Со законот се предлага зголемување на висината на вредносниот ваучер од 15.500 денари со цел да се овозможи правилно користење на ваучерите се предвидува да се врши и контрола од страна на Министерството за образование и наука и од Министерството за економија, додека ваучерите кои нема да се издадат се предвидува да бидат поништени.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|