Одбележување на Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици Скопје, 18 ноември (МИА) - Министерството за здравство и Центарот за регионални истражувања и соработка - ЦРИС Студиорум ќе го одбележат Европскиот ден за рационална употреба на антибиотици - 18 Ноември, што во земјите на Европската унија се одбележува првпат оваа година, на иницијатива на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Воведен збор ќе има министерот за здравство Бујар Османи, а ќе се обратат и Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, Неда Милевска-Костова, извршен директор на ЦРИС Студиорум, Јован Тофоски, претседател на Македонското лекарско друштво, како и претставници на Републичкиот завод за здравствена заштита и на Фармацевтската комора на Македонија.
|