
|
 |
|
|
Вести / Македонија
|
|
Македонците не се задоволни од своите животи
Според анкетата на Галуп Балкан Монитор која ја спровеле во западен Балкан, 55 отсто од Македонците мислат дека би им било подобро да најдат работа надвор од државата и да живеат во странство.
Анкетата покажала дека граѓаните на Македонија, Србија и БиХ не се задоволни со своите животи. Сите жители на Балканот се согласни во тоа дека нивните власти не водат добра политика и дека затоа не е добар политичкиот, економскиот и општествениот развој на нивните земји.
Песимизмот преовладува и меѓу граѓаните на Хрватска која преговара за членство во Европската унијата но нејзините граѓани мислат дека тоа членство нема ниту да донесе подобар живот, ниту пак ќе го влоши нивниот животен стандард.
Четириесет и еден отсто од испитаниците во Србија изразиле големо незадоволство од животот,додека 42 отсто од испитаниците веруваат дека работите одат во права насока, а 34 отсто од испитаниците веруваат дека економијата оди на подобро.
Галуп наведува дека жителите на Црна Гора и Косово се единствени на западниот Балкан кои со оптимизам гледаат на својата иднина и економскиот просперитет. 63 отсто од испитаниците во Црна Гора изјавиле дека имаат доверба во својата влада.
Во анализата под наслов “Помеѓу надеж и разочарување“ се нагласува дека косовските Албанци, дури 83 отсто, и граѓаните на Албанија искажуваат најголемо воодушевување од приближувањето кон ЕУ, бидејќи ќе се создаде можност сите Албанци да живеат во една држава без граници.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|