вторник, 07.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

На аеродомот „Александар Велики“ се инсталира термална камера за откривање зголемена телесна темепратура на патниците

Скопје, 3 јули (МИА) - Термална камера која ќе ја регистрира телесната температура на патниците, како еден од симптомите на новиот грип тип А (H1N1), денеска се инсталира на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.  Задолжителниот термо скрининг на патниците почнува утре со што Министерството за здравство ќе има увид за потенцијално заболени лица кои ќе допатуваат на аеродромот. Се обучува и кадар кој ќе работи со камерата.

Во Македонија според пристигнатите резултати од референтната лабораторија во Лондон нема заболени од новиот грип тип А (H1N1).

Директорот на Клиниката за инфективни болести Звонко Миленковиќ на денешната прес-конференција рече дека во моментов на Клиниката се хоспитализирани пет пациенти, а двајца се пуштени на домашно лекување.

Министерот за здравство Бујар Османи посочи дека според укажувањата на Светската здравствена организација, ширењето на пандемијата на новиот грип е неизбежно и оти ширењето на болеста не може да се спречи со воведување на какви било рестрикции во патувањата и затворање граници бидејќи, како што рече, има лица кои може да бидат заболени, а да не покажуваат симптоми, па сепак да ја пренесат инфекцијата на други лица.

- СЗО препорачува државните служби да ги фокусираат своите ресурси кон излекување и третирање на болните и обезбедување упатства до граѓаните за тоа како да се заштитат. Охрабруваат позитивните оценки на СЗО за интензитетот на пандемијата според кои засега таа е со умерен интензитет. Оценка на СЗО е дека во моментот најголемиот број луѓе кои заболуваат од новиот грип може да бидат згрижени и во домашни услови и да се опоравуваат без медицински третман, истакна Османи.

Може да се заклучи, рече тој, дека брзото откривање на сомнителни случаи покажува дека граѓаните и соодветните државни и здравствени служби се добро информирани за болеста за раното откривање, соодветно лекување и спречување на нејзино ширење.

- Здравствениот систем во Република Македонија досега покажа дека е подготвен за брзо откривање на сомнителните случаи на заболени од новиот грип, за соодветен лекарски третман на евентуално заразените и за преземање ефикасни мерки за спречување на нејзиното ширење, појасни Османи.

Јованка Костовска од Комисијата за заразни болести истакна дека со контрола на граничните премини не може да се спречи влез на заболени од новиот грип и оти тие кои влегуваат во земјата во фаза на инкубација не можат да се откријат. Таа посочи дека важно е сомнителните случаи навреме да се детектираат.



Наjновo од Вести
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го храбри своето членство со ветувања за вработувања, награди и бенефити
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
Две лица загинаа во железничка несреќа во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Унапредувањето во спортот еден од приоритетите на владата
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
Франција го заострува законот за имиграција и државјанство
Убиен градоначалникот на италијанскиот град Полика
Во Охрид Конференција посветена на надминување на регионалните диспаритети
Охридската полиција приведе две лица за нелегална трговија со дрога
За околу 500 ученици во тетовската населба Дреновец денеска започна учебната година
Припадниците на АРМ со донации за центрите за социјални работи во Дебар и Куманово по повод 8-ми септември
Декларација „За новинарството се работи“
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
Почнува меѓународната манифестација „Струшка музичка есен“
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи