петок, 10.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Потпишан Проект за придонес за намалување на климатските промени на национално ниво

Скопје, 3 јули (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Неџати Јакупи, денеска го потпиша Проектниот документ за проектот „Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор“ со Анн Марие Али, постојан претставик на Програмата за развој на ОН (УНДП) во Република Македонија.

- Овој проект е важен чекор кон пристапот на ЕУ, односно исполнување на условите кои се важни за влез во Европската Унија, истакна Јакупи.

Вредноста на донацијата е 350.000 евра, со домашно учество од 10.000 евра во текот на наредните две години.

- Главната цел на проектот е да придонесе да се создадат соодветни услови за подобрување енергетска ефикасност во градежниот сектор и со тоа да се придонесе за намалување на климатските промени на национално ниво, истакна Анн Марие Али.

Проектот е комплементарен со Програмата за енергетска ефикасност на Министерството за економија, финансиран преку Австриската агенција за развој и неговите цели се надополнуваат со тие на поголемата програма.

Меѓу другото, проектот ќе развие мапа со детални климатски параметри која ќе биде основа во развивањето на подзаконските акти за овој сектор, ќе се направат програми за енергетска ефикасност во овој сектор за одредени пилот-општини и ќе се работи на подигнување на јавната свест за унапредување на знаењата врзани за мерките за зачувување на енергејата и животната средина.



Наjновo од Вести
Неизвесност околу палењето на Куранот
Во Охрид собир на млади од Југоисточна Европа – „Охридски процес“
Маневски во Загреб на конференција за ефектите од членството во ЕУ на правосудството
САД се соочени со заканата од внатрешен тероризам
Втора средба на кипарските лидери во рамките на интензивниот дијалог за обединување на островот
Вистински крај на војната на Балканот
Закана за шведскиот јазик во Финска
Време е да се реши прашањето за името
Армиите на Македонија и Австрија да ја прошират соработката на полето на обуката, едукацијата и вежбите
Централна прослава на Рамазан Бајрам во Кади чешма џамија во Мала Речица
Честитка од Стејт департментот за Денот на независноста на Македонија
Задолжителна пракса за студентите, најави Министерството за образование
Приведен скопјанец осомничен за криминал со платежни картички
Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка почна традиционалната ликовна колонија
Во Битола се одбележува празникот на муслиманските верници Рамазан Бајрам
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи