петок, 03.09.2010

  IDIVIDI Мени
Вести / Македонија

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Хисар

Битола, 3 јули (МИА) - СВР-Битола поднесе кривична пријава против Љ.Н. (52) поранешен градоначалник на општина Демир Хисар заради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“ казниво според член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

- Во текот на 2007 година по отворање на јавен повик за прибирање понуди за превоз на учениците од основните училишта во Демир Хисар, тендерот го добила фирмата „Миг-травел“-Битола, која и го извршила превозот за тековната година. Следната година во законски услови бил распишан нов тендер и истиот го добила фирмата „Боби-турс“-Битола, меѓутоа, пријавениот Љ.Н. во својство на градоначалник, самоволно ја поништил одлуката за доделување договор за јавна набавка и им наредил на директорите во училиштата превозот да го вршат со фирмата „Миг-травел“-Битола, истакна портпаролот на СВР-Битола Ѓоко Стрезоски на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека на тој начин пријавениот ги пречекорил своите службени овластувања со што и овозможил на фирмата „Миг-травел“-Битола незаконски да врши превоз на ученици, а со тоа да се стекне со противправна имотна корист.



Наjновo од Вести
Најмалку едно лице загина во самоубиствен напад во Таџакистан
Премиера на „Црвената магија“ во Струмичкиот театар
„Гардијан“: Притисок на ЕУ врз Белград да почне разговори со косовските власти
Најмалку пет луѓе загинаа во новите шумски пожари што ја зафатија Јужна Русија
Во Делчево почнува манифестацијата „Пијанечко - малешевска свадба“
При напад на ФАРК загинаа 14 полицајци
Јапонија наложи дополнителни санкции против Иран
Претседателот Иванов ќе се сретне со министрите Ставрески, Наумовски, Милошоски и Маневски
Промоција на книгата „Модерен светец“ од авторот Фросина Наумовска
Министерот Ивановски во посета на ОУ„Лазо Трповски“ во општина Карпош
Три лица се убиени кај ТЦ „Три Бисери“ во Скопје
На трите факултети во Велес има слободни места за упис во вториот рок
Охридскиот „Црвен крст“ ќе спроведува едукативна програма за развивање способностите кај младите
Црвенковски во Подгорица се сретна со Ѓукановиќ и Вујановиќ
Презентиран локалниот акциски план за унапредување на положбата на лицата со попреченост во Охрид
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
ТВ програма
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
 
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
IDIVIDI™, сите права задржани : Македонски Телеком - 2004
преземи