Приведени двајца осомничени за киднапирањето на синот на Етеми

Полицијата привела две лица за кои се сомнева дека биле вмешани во вчерашното киднапирањето на деветгодишниот син на Фатмир Етеми, член на Нова Демократија.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се уште се разговара со приведените, за кои иако не биле во автомобилот со кој е киднапирано момчето, се сомнева дека се поврзани со грабнувањето.

МВР повеќе информации за овој случај најавува за во текот на денов.

Синот на Етеми заедно со негов другар се возеле со велосипеди во близина на паркот во Чаир, кога бил грабнат од киднаперите и со сила внесен во бел “фиат“ без регистрации.

Етеми е познат како угледен и богат човек, кој на последните локални избори беше кандидат за градоначалник на Чаир од Нова Демократија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...