Адеми се оградува од содржината на Македонската енциклопедија

Скопје, 21 септември (МИА) - Како претставник и одговорен на министрите Албанци во Владата, не само што ја осудувам содржината на Македонската енциклопедија издадена од МАНУ, туку и се оградувам од неа. Сметам дека секоја институција во Македонија треба да биде внимателна кон издавање текстови кои влијаат врз меѓуетничките односи во земјата, односите кон соседите и врз уривањето на имиџот на Македонија во очите на меѓународниот фактор, изјави денеска вицепремиерот задолжен за имплементација на Охридскиот договор Абдулаќим Адеми при инаугурацијата на новата амбуланта во село Копаница, општина Сарај.

Адеми кој во Енциклопедијата препознава „тенденции за нарушување на меѓуетничките односи“, смета дека „таквите текстови влијаат и врз односите со САД и Велика Британија, земји кои се големи поддржувачи на Македонија во евроатланските процеси“.

- Овој текст е сосема погрешен, треба да се повлече од употреба и да ги земе предвид сите историски и научни аспекти, како и балканските реалности. Ние, не само што се оградуваме, туку и ја осудуваме неговата содржина, рече Адеми и најави дека ДУИ како политички субјект ќе ги обвини авторите, но и МАНУ како институција.

- Вакви навредувачки текстови за албанскиот народ и за јавни личности во Македонија ги ризикуваат меѓуетничките односи не само меѓу Албанците, туку ги загрозуваат и односите меѓу Македонија, Албанија и Косово, истакна вицепремиерот.

Тој оцени дека со Македонската енциклопедија Охридскиот договор не е доведен во прашање зашто освен од домашните политички субјекти, има и меѓународна поддршка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...