Иванов во Њујорк на 64. Генерално собрание на ОН

Њујорк, 22 септември (МИА) – Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов од денеска до 26 септември во Њујорк ќе учествува 64. Генерално собрание на ОН.

Иванов, како што јави известувачот на МИА, ќе присуствува и на повеќе други форуми на Светската организација, а ќе има и серија билатерални средби. Контактите со многубројните странски државници, меѓународни претставници и дипломати, ги почнува со средбите со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен и со холандскиот премиер Јан Петер Балкененде.  

Македонскиот претседател денеска ќе учествува на Самитот за климатски промени, а на покана од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, ќе присуствува и на петиот годишен состанок на Клинтон глобалната иницијатива. 

Централен настан од агендата на Иванов е обраќањето што ќе го има пред Генералното собрание на 25 септември.

Посетата на Њујорк ќе биде искористена и за консултации со посредникот во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. Шефот на државата со медијаторот се состанува на 24 септември, а три дена подоцна со Нимиц треба да се сретне и шефицата на дипломатијата на Грција Дора Бакојани, но нејзиното доаѓање во САД е неизвесно поради здравствени проблеми. Не е исклучено средба со посредникот на ОН да има и лидерот на најголемата грчка опозициска партија ПАСОК Јоргос Папандреу, кој ќе престојува во Њујорк како гостин на Клинтон глобалната иницијатива. Засега нема најави за евентуални директни контакти меѓу македонски и грчки претставници.

Името ќе биде една од темите и на средбите на претседателот Иванов со генералните секретари на ОН Бан Ки-мун и на НАТО Андерс Фог Расмусен.

На 64. Генерално собрание,  чија главна дебата ќе се одвива во два термина од 23 до 26 и од 28 до 30 септември, ќе присуствуваат шефови на држави и влади, како и министри за надворешни работи на 192 земји членки на ОН. Главни ѕвезди годинава се американскиот претседател Барак Обама, кому ова ќе му биде прво обраќање пред Генералното собрание, како и претседателите на Иран Махмуд Ахмединеџад, на Либија Моамер Ел Гадафи и на Венецуела Хуго Чавез. Покрај политичари, на накои од форумите што се одржуваат во рамки на собирот, ќе учествуваат и познати личности од филмскиот и музичкиот шоу бизнис ангажирани во хуманитарни проекти, како Мет Дејмон, Деми Мур, Барбара Стрејсенд, Квинси Џонс и Алиша Кис.

Централни теми на годинашното Генерално собрание на ОН се климатските промени, одржливиот економски развој, борбата против тероризмот и организираниот криминал, одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Ќе се разговара и за развојот на Африка, за унапредувањето на човековите права и за подобра координација на хуманитарната помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...