МАНУ ќе направи исправки во „Македонската енциклопедија“

Скопје, 23 септември (МИА) - Членовите на главната редакција на „Македонската енциклопедија“ денеска во проширен состав на состанок во МАНУ одлучија да коригираат некои одредници во публикацијата и да  продолжат да работат на второ, изменето и дополнето издание.

Лексикографскиот центар на Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека заклучокот од денешната седница следува по реакцијата на политичките партии, здруженија и поединци во врска со објавената енциклопедија.

- Беше заклучено да се информира јавноста дека ќе бидат направени извесни поправки во некои одредници и ќе продолжи работата врз второ, изменето и дополнето издание, се наведува во соопштението на Лексикографскиот центар на МАНУ.

Првата национална енциклопедија беше промовирана минатата среда, објавена со финансиска поддршка на Владата, по неколкугодишна работа на Лексикографскиот центар и на околу 260 соработници под водство на главниот редактор - академик Блаже Ристовски.

Излегувањето од печат на двотомното издание предизвика реакции кај албанските партии во Македонија, кои не согласувајќи се со некои  одредници побараа негово повлекување. Тиражот на Енциклопедијата е 2.000 примероци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...