Недоразбирањата околу енциклопедијата ќе се надминат

Њујорк, 23 септември (МИА) - Недоразбирањата што настанаа по објавувањето на енциклопедијата на МАНУ ќе бидат амортизирани и надминати, оценија македонскиот претседател Ѓорге Иванов и албанскиот премиер Сали Бериша на денешната средба во Њујорк, јави известувачот на МИА.
 
Иванов истакна дека од политичка позиција не е коректно да се коментираат научни трудови. МАНУ е независна институција врз која претседателот на државата нема влијание. Шефот на македонската држава посочи дека негов приоритет и натаму останува мултиетничката и верската сплотеност во Македонија. 
 
Заедничка оценка е дека продолжува добрата соработка меѓу двете земји. Акцент треба да се стави на економијата и на реализација на меѓусебното инфраструктурно поврзување. Бериша информира дека од албанска страна активно се работи на изградба на железницата и на патиштата кои водат до Македонија.
 
Во контекст на НАТО и ЕУ интеграцијата, македонскиот претседател уште еднаш го поздрави зачленувањето на Албанија во Северноатлантската алијанса. Од друга страна, Македонија, која е понапред во процесот на евроинтергација, и нуди на Албанија техничка и друг вид помош во приближувањето кон ЕУ, особено за визната либерализација.
 
Претседателот Ѓорге Иванов на маргините од 64. Генерално собрание во Њујорк, денеска се сретна и со претседателот на Летонија Валдас Затлерс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...