Папандреу ја презеде дипломатијата за да го обели образот на Грција

Атина, 7 октомври (МИА) - Претстојните случувања во врска надворешно-политичките прашања важни за Грција како што се спорот за името, кипарското и несогласувањето со Турција, се главните причини што го принудија Јоргос Папандреу покрај премиерската да ја преземе и должноста министер за надворешни работи, пишува денеска „Та неа“.

Целта на Папандреу, наведува весникот, е да го обели образот на Грција на меѓународен план и земјата веќе да не биде гледана како „црна овца“ во Европа. Во тоа ќе му помага вицепремиерот и поранешен шеф на дипломатијата Теодорос Пангалос со своите широки меѓународни контакти. Прва задача на Папандреу и новата Влада на надворешно политички план ќе биде Самитот на ЕУ во декември кога ќе се расправа за перспективите на Турција за членство во Унијата, посочува „Та Неа“.

Се очекува Папандреу да го услови приклучувањето на Турција со отстапки на Анкара во врска со Кипар и територијалните несогласувања во Егејското Море. „Та Неа“ не коментира каква ќе биде позицијата на новата власт во Атина во однос на очекувањата на Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, како и визна либерализација од почетокот на 2010 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...