Спаска Митрева пуштена од затвор

Скопје, 8 октомври (МИА) - Гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрева изутрината е ослободена од затворот „Идризово“ во Скопје, дваесеттина дена пред истекот на тримесечната затворска казна што и беше одредена поради непочитување судска одлука да му дозволи на својот поранешен сопруг да ја посетува нивната двегодишна ќерка.

Митрева е ослободена со одлука директорот на затворот Миле Младеновски, кој има право на тоа согласно член 206 од Законот за извршување санкции. Taa требаше да остане в затвор до 29 октомври оваа година.

- Одлуката е донесена по овластување врз основ на членот 206 од Законот и директорот може да донесе одлука за предвремено отпуштање од затворот. Тука е искористена таа можност и таа е ослободена, изјави за МИА, директорот на „Идризово“ Миле Младеновски, кој додаде дека Митрева била една од најпримерните во затворот.

Претходно, информацијата за предвременото пуштање од затвор на гевгеличанката ја потврди и директорот на Управата за извршување санкции, Лидија Гавриловска.

Митрева во моментот се наоѓа во зградата на бугарската Амбасада во Скопје, каде според изјавите на Ангел Ангелов в.д. амбасадор за бугарски медиуми, се очекува таа да разговара со адвокати.

Случајот со гевгеличанката која пред неколку месеци добила бугарски пасош, предизвика дипломатски несогласувања меѓу Македонија и Бугарија, по обвинувањата од Софија дека била санкционирана само затоа што била Бугарка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...