Во затворот ми велеа да се убијам затоа што сум Бугарка

Командирка во затворот ми велеше да земам пушка и да се убијам затоа што сум се декларирала како Бугарка, вели гевгеличанката со бугарски пасош Спаска Митрова во ексклузивно интервју за бугарска телевизија по нејзиното ослободување од затворот “Идризово“ вчераутро.

 Митрова, која одлежа повеќе од два месеци во затворот поради непочитување на судска пресуда во интервјуто ги обвинува чуварите во затворот дека психички ја малтретирале поради тоа што била Бугарка.

“Правата што ми следат не ми беа дадени, лекарска помош не ми беше дозволена. Со затворениците немав проблеми, имав со службата“, вели “Бугарката“ Митрова во разговор со новинарот на бугарската телевизија “БТВ“. Митрова во интервјуто вели дека полицијата се однесувала агресивно со неа, и дека кога вчера отишла во полициската станица во Гевгелија да си ја побара ќерката, полицајците не сакале да и кажат каде. Мајката на Митрова, Сузана обвинува дека Центарот за социјални работи на почетокот на затворската казна на ќерка и, испратиле жена за да ја малтретира во затворот.

Денеска бугарската телевизија објавува дека Митрова чека да и биде издадена виза за да може да влезе во Бугарија, бидејќи таа се уште нема бугарски документи. Бугарската амбасада во Скопје и ветила дека документите ќе и бидат средени во најкус рок.

Митрова во Бугарија ќе патува за да биде лекарски прегледана, бидејќи се жали на здравствени проблеми поради престојот во затворот. Медиумите во Бугарија најавуваат дека гевгеличанката ќе има средби и со бугарските власти.

Бугарските медиуми, објавија дека, бидејќи Митрова е порано ослободена, македонските власти не се подготвени да и ја вратат ќерката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...