Македонија очекува позитивна оценка од ЕК

Брисел, 13 октомври (МИА) - Европската комисија утре ќе го објави извештајот за напредокот на Република Македонија во 2009 година. Според најавите од Брисел и очекувањата на македонските власти, извештајот генерално ќе биде позитивен и ќе го нотира прогресот што го направи земјата во исполнувањето на осумте одредници, но и областите каде се уште нема доволен напредок.
 
Утре ќе се знае и дали ЕК ќе препорача Македонија, по четиригодишен кандидатски статус, да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Доколку тоа се случи, конечната одлука дали и кога Македонија ќе ги стартува преговорите ќе треба да ја донесе Советот на ЕУ во декември. Балканската истражувачка мрежа - БИРН, повикувајќи се на претставник на ЕК, во своето он-лајн издание Balkan Insight, наведува дека Комисијата најверојатно ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, но не и конкретен датум поради „можното политичко влијание поврзано со спорот со Грција околу името“. ЕК се уште не е сигурна каков пристап ќе има новиот грчки премиер Јоргос Папандреу, но, според истиот извор, со таквата препорака ќе си ја заврши својата работа и ќе им каже на креаторите на политиките во ЕУ дека Македонија е подготвена, и топката ќе му ја префрли на Советот на Унијата, пренесува МИА.
 
Во извештајот на ЕК, подготвен врз основа на постигнувањата по одредниците и без дополнителни условувања, ќе биде посочено дека Македонија направи значаен напредок во исполнувањето на клучните приоритети и ги исполни обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во документот се нотира дека изборите биле спроведени согласно повеќето меѓународни стандарди, политичкиот дијалог е многу подобар од претходните години, усвоениот Деловник на Собранието донесе поголема ефективност во парламентарната активност, а владината коалиција е стабилна и функционира ефикасно. Најголем напредок е забележан во областа внатрешни работи - особено  процесот за добивање визна либерализација, како и во секторите транспорт, царина и даноци. Позитивни оценки има и за борбата против корупцијата и за стабилната макроекономска политика. Комплетирана е и законската рамка за судските реформи, формирани се нови судски тела, а подобрена е и ефикасноста на правосудните органи.
 
Критиките се однесуваат на условите во затворите, пренатрупаноста и третманот на затворениците. Како области во кои треба поинтензивно да се работи, се посочуваат и заштитата на животната средина, невработеноста, социјалната политика, административниот капацитет и воспоставување на системот на кариера.  
 
Заедно со извештајот за прогресот на Македонија и другите земји од Западен Балкан, ЕК ќе ја објави и стратегијата за проширување на ЕУ. Во нацрт верзијата на документот објавена минатата недела, се бара билатералните спорови да не бидат пречка за приклучувањето на нови земји членки во ЕУ, да се решаваат меѓу засегнатите страни во согласност со Повелбата на ОН, а ако е неопходно пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонската Влада, како што изјавија премиерот Никола Груевски и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, очекува фер извештај од ЕК во кој ќе биде валоризиран успехот на земјата во однос на реформите. Без да ја прејудицираат содржината на извештајот, се надеваат дека Брисел соодветно ќе ги вреднува постигнувањата, прогресот и вложениот труд. Не очекуваат некоја од членките на ЕУ да ја опструира евроинтеграцијата на Македонија, бидејќи тоа би било опструкција на духот на Европа, на нејзините европски вредности и цивилизациски придобивки.

Конечната формална верзија на извештаите за Македонија и за другите земји од Западен Балкан, заедно со стратегијата за проширување и финансиската рамка за поддршка на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство за периодот 2009-2012, ЕК треба да ја усвои утре претпладне, по што еврокомесарот Оли Рен ќе ги објави на прес-конференција во Брисел закажана во 12 часот и 15 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...