ЕК ќе го објави извештајот за напредокот на Македонија

Брисел, 14 октомври (МИА) - Европската комисија денеска ќе го објави извештајот за напредокот на Република Македонија во 2009 година. Според најавите од Брисел и очекувањата на македонските власти, извештајот генерално ќе биде позитивен и ќе го нотира прогресот што го направи земјата во исполнувањето на осумте одредници, но и областите каде се уште нема доволен напредок.
 
Денеска ќе се знае и дали ЕК ќе препорача Македонија, по четиригодишен кандидатски статус, да ги почне преговорите за членство во ЕУ. Известувачите на македонските медиуми од Брисел, повикувајќи се на извори во ЕК, јавија дека Комисијата најверојатно ќе препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, но не и конкретен датум поради можното политичко влијание поврзано со спорот со Грција околу името. Доколку тоа се случи, одлуката дали и кога Македонија ќе ги стартува преговорите ќе треба да ја донесе Советот на ЕУ во декември.

Конечната формална верзија извештај за Македонија и евентуалната препорака за преговори, ЕК треба да ги усвои претпладнево, по што еврокомесарот Оли Рен ќе ги објави на прес-конференција во Брисел закажана напладне.

Во извештајот, подготвен врз основа на постигнувањата по одредниците и без дополнителни условувања, ќе биде посочено дека Македонија направи значаен напредок во исполнувањето на клучните приоритети и ги исполни обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Во документот се нотира дека изборите биле спроведени согласно повеќето меѓународни стандарди, политичкиот дијалог е многу подобар од претходните години, усвоениот Деловник на Собранието донесе поголема ефективност во парламентарната активност, а владината коалиција е стабилна и функционира ефикасно. Најголем напредок е забележан во областа внатрешни работи - особено  процесот за добивање визна либерализација, како и во секторите транспорт, царина и даноци. Позитивни оценки има и за борбата против корупцијата и за стабилната макроекономска политика. Комплетирана е и законската рамка за судските реформи, формирани се нови судски тела, а подобрена е и ефикасноста на правосудните органи.
 
Критиките се однесуваат на условите во затворите, пренатрупаноста и третманот на затворениците. Како области во кои треба поинтензивно да се работи, се посочуваат и заштитата на животната средина, невработеноста, социјалната политика, административниот капацитет и воспоставување на системот на кариера.  
 
Заедно со извештајот за прогресот на Македонија и на другите земји од Западен Балкан, ЕК ќе ја објави и стратегијата за проширување на ЕУ. Во нацрт верзијата на документот објавена минатата недела, се бара билатералните спорови да не бидат пречка за приклучувањето на нови земји членки во ЕУ, да се решаваат меѓу засегнатите страни во согласност со Повелбата на ОН, а ако е неопходно пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Македонската Влада, како што изјави вчера премиерот Никола Груевски, очекува фер извештај во кој ќе биде валоризиран успехот на земјата во однос на реформите, постигнувањата, прогресот и вложениот труд.

Европската комисија покрај извештаите за земјите од Западен Балкан, денеска ќе ги објави и стратегијата за проширување и финансиската рамка за поддршка на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство за периодот 2009-2012 година.

Извештајот за Македонија, по објавувањето во Брисел, ќе биде презентиран и во Скопје од евроамбасадорот Ерван Фуере.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...