Почесниот конзулат на Словенија во Битола прераснува во Генерален конзулат

Битола, 27 октомври (МИА) - На свечена церемонија организирана од Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија, вечерва во Битола почесниот конзулат на оваа држава беше преименуван во Генерален конзулат. Битолчанецот Михајло Мојсов ќе биде словенечки генерален конзул.  

- Длабоко сум убеден дека зголемувањето на рангот на почесниот конзулат на Република Словенија во Генерален конзулат, ќе придонесе за продлабочување на сите односи меѓу Словенците и Македонците, односно меѓу двете држави, рече словенечкиот амбасадор во Македонија Алан Брајан Бергант.

Бергант рече дека словенечките пратеници во Европскиот парламент, како и надлежната министерка за внатрешни работи на седницата на Советот за правосудство и внатрешни работи, на крајот на ноември, во Брисел, ќе ја поддржи препораката на Европската Комисија за визна либерализација на македонските државјани од 1 јануари 2010. 

- Безвизниот режим ќе придонесе за понатамошно продолабочување на соработката меѓу нашите две држави, истакна на вечерашната свеченост во Битола, словенечкиот амбасадор.

Амбасадорот Бергант посочи на словеченките инвестиции и соработката меѓу бизнисмените од двете држави, како и активноста на македонско-словенечкото друштво „Триглав“  и искажа оптимизам за македонските евро-интеграции.

- Сметам дека Република Македонија заслужува на 7 декември во Брисел да добие датум за предпристапни преговори за членство во Европската Унија. Словенија ја поддржува Република Македонија на патот кон ЕУ и НАТО и затоа секогаш можете да сметате на нашата поддршка, нагласи словенечкиот амбасадор.

Од 11 конзулати во Битола, на исто толку европски држави, словенечкиот, е трет со ранг на Генерален конзулат и со зголемени надлежности и ингеренции.

- Преку конзулатот ја интезивиравме соработката со нашиот збратимен словенечки град Крањ, а воспоставивме и соработка со Марибор и Љубљана. Соработуваме и со неколку словенечки министерства, организации и фондации и така ќе продолжиме, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески.

По повод промоцијата на почесниот словенечки конзулат во Генерален конзулат на Република Словенија во Република Македонија со седиште во Битола, вечерва во Заводот и Музеј беше отворена изложба од словенечкиот академски сликар Марко Бутина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...