Скопје, 10 ноември (МИА) - Премиерот на Република Хрватска, Јадранка Косор, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија претпладнево оствари тет-а-тет средба со македонскиот премиер Никола Груевски.
Во Владата на Република Македонија во тек е прес - конференција по одржаната средба Груевски - Косор. Премиерите на Македонија и на Хрватска, Груевски и Косор денеска ќе имаат обраќање на состанокот на Македонско - хрватскиот деловен клуб.
Хрватската премиерка, како што е најавено, ќе биде примена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.