Училиштата продолжуваат со настава, екскурзиите се одложуваат

Скопје, 10 ноември (МИА) - Училиштата не се затвораат бидејќи се уште не е прогласена епидемија на новиот грип. Засега нема препорака и за носење заштитни маски, но се одложуваат сите екскурзии, изјави денеска министерот за образование Никола Тодоров.

- Според препораките на Светската здравствена организација, не треба да се преземаат чекори за затворање на училиштата, додека таква потреба не се востанови. Прво треба да се прогласи епидемија од новиот грип од типот А (Х1Н1), а потоа да се побара од основачот на училиштето-локалната самоуправа до Министерството за образование согласност за затворање на училиштето. Засега нема прогласено епидемија, никој не побарал од  Министерството затворање на некое училиште и соодветно на тоа нема дадено согласност, изјави Тодоров при денешната посета на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Прашан дали ќе препорача носење заштитни маски на училиште, министерот за образование рече дека препорака за тоа дава Министерството за здравство.

- Ние во Министерството за образование, во ваков случај не сме компетентни да предлагаме мерки, ние само можеме да ги спроведуваме мерките кои се предложени од компетентни луѓе - доктори и епидемиолози, додаде Тодоров. 

На прашањето зошто училиштата каде што има заболени ученици од новиот грип од типот А (Х1Н1) досега не се дезинфицирани, министерот одговори дека е информиран од Министерството за здравство оти секаде каде што ќе бидат потврдени случаи на свински грип, епидемиолозите ќе вршат дезинфекција на училиштето.

Состојбата со ширењето на новиот грип, како што посочи, активно ја следи Министерството за здравство, кое формирало кризен штаб што 24 часа ќе ја следи состојбата и ќе презема соодветни мерки.

Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, Велимир Стојковски прашан дали презема нешто ректорската управа во врска со зачестените појави на свински грип, изјави дека ректорската управа, во кои се членови сите декани, презема соодветни мерки, онака како што препорачува Министерството за здравство.

- Засилена е хигиената, засилени се сите контроли во тоалетите, но тоа е надлежност на факултетите и тие се однесуваат онака како што треба во оваа ситуација, рече Стојковски.

На Универзитетот, додаде тој, многу е комплицирано да се евидентира дали има отсуство од настава, за разлика од основното и средното образование, и дали за тоа причина е новиот грип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...