Нови 32 заболени од грипот А (Х1Н1)

Скопје, 10 ноември (МИА) - Според последните податоци од лабораторијата на Институтот за јавно здравје добиени попладнево во 17:30 часот кај 32 лица е потврдено присуство на новиот тип на вирус А (Х1Н1) .

Дел од овие лица престојувале во странство, а дел се без епидемиолошки податок за патување надвор од државата.

Во текот на денешниот ден, соопштуваат од Министерството за здравство, редовна средба одржала Комисијата за пандемски грип која препорачува учениците од ДСУ „Никола Карев“ кои се вратиле од екскурзија во Будимпешта да не посетуваат настава во период од следните седум дена.

Комисијата на денешната средба заклучи да се одложат сите планирани ученички екскурзии во државата и надвор од неа и оцени дека нема потреба за масовно носење маски поради непостоење епидемиолошка оправданост.

Оттаму напоменуваат дека маски треба да носат здравствените работници при преглед и лекување на пациент, како и лицата со симптоми на грип при посета на лекар или лице кое врши негување на заболен во домашни услови.

Препорака од Комисијата е секој болен со симптоми на грип да не учествува и да не посетува масовни собири и да ги почитува препораките на лекарот за лекување и за домашна изолација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...